Секој деветти Бугарин би го продал својот глас на избори за 100 евра

Анкета спроведена од „Галуп“ покажа дека повеќе од 600.000 граѓани со право на глас во Бугарија би го продале својот глас на избори во замена за пари.



Истражувањето е спроведено по шпекулациите дека во Бугарија може да се купи глас за 75 до 100 евра.

Бројката од 600.000 изнесува поразувачки 11 % од вкупно 5,5 милиони државјани на Бугарија со право на глас.