На седницата за пратенички прашања, денеска, пратеникот Антонио Милошоски, побара од премиерот Зоран Заев да одговори дали е точно дека ќе има 4 нови амбасадори на државата и тоа: Теута Арифи во САД, Дане Талески во НАТО, Сашко Насев во Софија и Мишо Догмановиќ во Тел Авив.
Милошоски праша и зошто се брза со нивно поставување пред избори што, според него, е невкусно и непринципиелно.
„Да не се доведеме во ситуација тие да бидат отповикани“ рече Милошоски.
Заев одговори дека две од овие имиња се точни, две не се, но целта на владата била да се дооформат и комплетираат амбасадите.
Премиерот напомена дека приоритет е да се испрати амбасадор во НАТО и дека деновиве ќе разговара со министерот Никола Димитров и ќе му посочи да ја забрза постапката.





