Компанијата САРХЕМС.ДОЕЛ, која на Владата ѝ става на располагања два хеликоптера за давање на итна медицинска помош и спасување на лица до тешко пристапни терени, е единствената компанија која се пријавила на владиниот оглас
Фирмата е формирана истиот месец кога Владата го распишала огласот за јавно приватно партнерство. Според јавните податоци САРХЕМС, фирмата е основана на 5 август, а владиниот оглас, преку Генералниот секретаријат е објавен на 29 истиот месец. Во земјава нејзин сопственик и управител е запишан Саша Џаковиќ, дознава „Курир“.
Според податоците од Централен регистар фирмата е основана со 5.000 евра влог со дејност за „патнички воздухопловен транспорт“.
Предвидено е два хеликоптери ќе даваат услуги во итни потреби-здравствени услуги, во случај на пожари, планинарски несреќи и други потреби на поедници. Од Владата информираа дека хеликоптерите ќе бидат обезбедени преку јавно приватно партнерство, шест месеци по потпишување на договорот.
Како што објасни премиерот Заев, Владата одлучила да склучи договор со фирмата САРХЕМС ДООЕЛ, која била избрана на јавен повик, а соработува со скандинавски компании.
„Тоа се приватни компании кои своите услуги ги наплаќаат преку осигурителни компании, а по 8 години хелокоптерите остануваат во државата. Фирмата за услугите ќе ги наплаќа на државата, а истовремено ќе треба да плаќа одредена сума во државниот буџет како надомест за јавно-приватното партнерство што ќе достигне околу 10.000 евра“, рече премиерот Заев.





