Стоматолозите одбиваат милостина од Владата


Стоматолозите специјалисти по протетика, ортодонција и орална хирургија не се задоволни од одлуката на Владата за зголемување на буџетите за 15 проценти, кое беше најавено вчера.



Тие велат дека, наместо да постапат по нивните барања, им сервирале девалвирачки проценти за зголемување на буџетите кои се рамни на милостина и омаловажување на нивниот труд.

Стоматолозите велат дека за да се одвива стоматолошка здравствена заштита наместо проценти потребно е да се спроведе Законот за здравствена заштита и методологија  во нормираните здравстени услуги, како и итно проширување на пакетите на здравстени услуги.

Тие се обраќаат со Отвореното писмо до директорите на ФЗОМ, Ден Дончев и Орхан Рамадани и министерот за здравство Венко Филипче, пренесува НОВА ТВ.