Оперскиот пејач Игор Дурловски со коментар по интервјуто на обвинителката за организиран криминал Вилма Русковска за Телевизија 24.
„Кога Рускоска би имала интегритет колку што нема елоквентност…“, напиша на Фејсбук еден од водачите на граѓанската иницијатива „За заеддничка Македонија“.
Како обвинителка во случајот „27 април“, Русковска во почетокот од месецов поднесе жалба за ослободителната пресуда за Дурловски, кој не побара амнестија за настаните во Собранието пред две години.





