„Ако некого сум повредил навистина се извинувам. Намерата ми беше да бидам многу природен и едноставен“ рече денеска премиерот Зоран Заев објаснувајќи ја гестикулацијата што ја направи на трибина во Прилеп кога говореше кој ќе победи на изборите во 2020-та употребувајќи ја и фразата „мало сутра“.
„Во секојдневието на нашите разговори јас се обратив пред сите наши поддржувачи таму за да испратам порака дека нема така лесно да предадеме власт затоа што некој така сака и потоа повторно 11 години да ја уништува државата. Тоа беше употребата на гестикулациите и на зборовите.
Значи, извинете носевме храбри одлуки, тука сме и одиме напред, тешко е на сите, не ни е лесно и на нас“, рече Заев.





