Иако поделбата на власта е темелна вредност на уставниот поредок на Република Македонија без поделена власт, без спреги и кочници меѓу законодавната, извршната и судската власт, нема демократија, нема правна држава, нема заштитени слободи и права на човекот и граѓанинот, смета професорката Гордана Силјановска за начинот на кој владеат СДСМ и ДУИ.
“Соочени сме со реална и опасна промена на уставно промовираната рамнотежа на власта, во корист на владата. Живееме во премиерски систем, но не од британски тип во кој „премиерот е месечина меѓу малите ѕвезди“, туку во западно балканска варијанта на практикување власт надвор од границите на правото”, вели Силјановска која смета дека во македонскиот политички систем има штетен дебаланс меѓу моќта на Собранието и Владата на штета на демократијата.




