На вчерашната седница Владата донесе одлука со која се продолжува рокот на важење на возачката дозвола за повозрасните возачи од сегашните 70, на 75 години.
Владата одлучи да ја намали висината на казните за сообраќајни прекршоци, така што во иднина највисоката казна за сообраќаен прекршок ќе биде 250 евра, а најниската 15 евра.
Одлуката не се однесува на казните за животозагрозувачки прекршоци, кои остануваат исти.
Исто така, се воведува мерка за времено одземање на возило кое предизвикува голема бучава или кое не е редовно регистрирано.





