Пендаровски: Членството во НАТО поприоритетно од ЕУ (ВИДЕО)


„Факт е, дека во историска смисла во стратешка смисла членството во НАТО за една Балканска држава е многу поприоритетно од членството во Европска Унија, зборувам за актуелниот политички и безбедносен миг, многу е битно да ја имате обезбедено територијата, границите да имате 29 други земји членки кои според колективна клаузула заеднички со Вас ќе се борат против заканите, отколку да бидете сам,“ изјави македонскиот претседател Стево Пендаровски во интервју за „Ал Џезира“.



„За една мала држава како што е нашата по сите параметри, многу е битно што наскоро стануваме членка на Алијансата и потоа како битна претпоставка одиме полесно побрзо кон економски развој, затоа ни треба Европската унија“.

Според него, Преспанскиот договор ја заврши големата работа, најголемата работа за НАТО членството.