На Британците не им се оди од ЕУ – „Брегзит“ пак одложен

Земјите-членки на ЕУ денеска се согласија да го одложат „Брегзит“ на уште три месеци – до крајот на јануари 2020.



Лондонски Гардијан информира дека станува збор за „флексибилно“ продолжување на рокот односно дека се остава простор излегувањето на Британија од Унијата да се случи и пред наведениот рок, ако парламентот во Лондон успее да постигне договор.
Британскиот парламент, денеска треба да се изјасни по предлогот на премиерот Борис Џонсон за распишување на предвремени парламентарни избори.