Карла дел Понте бара Ердоган да се гони за воени злосторства!?


Дел Понте рече дека интервенцијата на Турција го прекришила меѓународното право и дека повторно го „оживеала“ сирискиот конфликт.



Поранешната обвинителка Карла дел Понте во интервју за швајцарски медиум изјави дека . турскиот претседател Тајип Реџеп Ердоган треба да биде истражен поради воени злосторства и воената офанзива во Сирија.

Дел Понте, која е поранешна членка на истражната комисија на Обединетите нации (ОН) за Сирија, истакна за „Швајц ам Вохененде“ дека интервенцијата на Турција го прекришила меѓународното право и дека повторно го „оживеала“ сирискиот конфликт.

„Неверојатно е тоа што Ердоган може да влезе на сириска територија за да ги уништува Курдите – рече поранешната главна обвинителка во Меѓународниот трибунал во Хаг која ги процесуираше воените злосторства направени во Руанда и во поранешна Југославија.

Таа додаде дека против него треба да се започне истрага и тој да биде обвинет за воени злосторства.

„Не треба да му биде дозволено да се извлече“, вели Дел Понте, како што пренесе „Ројтерс“.