Демант и извинување за пренесена вест од друг медиум

„Expres.mk“ со сета почит кон господинот Филип Медарски прифаќа да се извини и покажува разбирање за почитуваниот кој можеби, на било кој начин, се нашол прозван или навреден од текст преземен од друг медиум и објавен на нашиот портал.



Адвокатот Филип Медарски побара извинување од Редакцијата на „Expres.mk“ за објавениот текст „Уште во јануари објавено за фирма што посредува за помали казни и притвор“ во кој се споменува со име, презиме и со фотографија, името на почитуваниот адвокат.

Споменатиот напис на „Expres.mk не е авторски или редакциски текст туку содржина преземена од еден легален портал, за што впрочем е поставен и линк.

Доколку господинот Медарски смета дека за пласирање переземена содржина од друг медиум треба извинување како негова сатисфакциај – тука сме, како што сме отворени да го објавиме демантот.

Согласно објавениот текст со наслов: „Уште во јануари објавено за фирма што посредува за помали казни и домашен притвор„ од ден 19.07.2019 година, на Вашиот интернет портал www.expres.mk, во прилог на овој маил доставувам Барање за извинување и јавно повлекување на текстот, како и Демант на истиот.

Воедно, Ве информирам дека барањата за извинување и јавно повлекувње на текстот, како и демантите упатени до Вас и до уредниците на порталот, Димитар Чулев и Роберт Димитриевски, се испратени и на вашата овјавена е-маил адресата expres@expres.mk, но маилот е вратен како недоставен.

Во насока на тоа, укажувам дека со оглед на фактот дека од страна на порталот како медиум немате објавено обицијална адреса, во прилог на овој маил, ги доставувам и барањата за извинување и демантите упaтени и до уредниците на порталот, Димитар Чулев и Роберт Димитриевски, со што укажувам дека имате обврска истите да им ги доставите.

Адвокат Филип Медарски

Истовремено на барање на дотичниот го повлекуваме наводниот текст.