Денот на победата над фашизмот се одбележува на 9 мај, кога со капитулацијата на нацистичка Германија на тој ден во 1945, заврши Втората светска војна.
Во Втората светска војна во која учествуваа 61 земја, со вкупно 2,1 милјарда жители или 96 отсто од светското население и која однесе повеќе од 50 милиони животи.
Безусловната капитулација на Германија беше потпишана во Берлин од фелдмаршалот Вилхелм Кајтел, маршалот Георги Жуков во име на СССР и британскиот генерал Артур Тедер во име на западните сојузници. Со ова, формално заврши Втората светска војна во Европа.
Деветти мај се слави и како Ден на Европа, бидејќи на тој ден во 1950 година францускиот министер за надворешни работи Роберт Шуман објави декларација со која повикува на воспоставување нов поредок без конфликти меѓу европските земји.
Следната година беше формирана Европската комисија за јаглен и челик, која потоа прерасна во Европска економска заедница, а во 1991 година во Мастрихт беше прогласена Европската Унија.
Во Милано, во 1955 година, беше одлучено 9 мај да се слави како Ден на Европа.
По повод 9-ти Мај Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, Владата на Македонија денеска организира свечено одбележување на овие два значајни празника, со кои ќе се оддаде почит на хероите кои учествуваа во антифашистичката борба.
Како што соопштуваат од владината прес – служба, делегации на покана на Владата, ќе положат цвеќе на партизанските гробишта во Бутел и пред споменикот на „Ослободители на Скопје“ пред Владата, каде ќе има обраќања од претставниците на делегациите.







