Израелскиот амбасадор во Србија побара помош од тенисерот Новак Ѓоковиќ во врска со киднапираното деветгодишно дете.
Јахел Вилан објави слика од малиот Охад, кој е еден од најголемите фанови на Ѓоковиќ. Тој е киднапиран на 7 октомври. Линк до објавата.
„Ова израелско момче по име Охад е твој голем обожавател. Тој е многу љубител на спортот и игра тенис неколку пати неделно. За жал, повеќе не. Тој беше киднапиран од терористите на Хамас на 7 октомври. Денеска му е 9-ти роденден и веројатно е сам во некоја темна соба во Газа. Би сакале да му испратите роденденска честитка и да го поддржите безусловното ослободување на сите заложници кои ги држи Хамас, вклучително и повеќе од 30 бебиња и деца“, напиша израелскиот амбасадор.






