Мехди Али, еден од „станарите“ на хотелот за мигранти во кој е сместен и Новак Ѓоковиќ, на социјалните мрежи изрази жалење за тоа дека никого не го интересира нивната судбина..
Всели дека е навистина тажно тоа што многу новинари го контактираат за да го прашаат како е неговиот најнов сосед Новак Ѓоковиќ.
„Тажно е тоа што многу новинари ме контактираа да ме прашаат за Новак Ѓоковиќ. Во овој кафез сум веќе девет години и денеска наполнив 24, а вие божем сакате да направите сторија за мене, а веднаш потоа, во следното прашање, барате информации за Новак Ѓоковиќ“, пишува Али на својот твитер налог.
Тој во Австралија се обидел да најде прибежиште од Иран, каде бил жртва на прогон како припадник на арапското малцинство, пренесе „360 степени“.







