Денес се навршуваат 80 години почетокот на најголемиот воен судир во историјата на човештвото – Втората светска војна.
За повеќе од 6 години, помеѓу 1 септември 1939 година и 2 септември 1945 година, беше неповратно сменета судбината на државите цивилите на територијата на 5 континенти.
Според разни извори, Втората светска војна однела меѓу 50 и 60 милиони жртви.
Глобалниот вооружен конфликт всушност започнал на 7 јули 1937 година во Азија со нападот на Јапонија врз Кина и на денешен ден пред 80 години во Европа.
Светската војна траела во Европа траела до 8 мај 1945 кога капитулираше нацистичка Германија, а до 2 септември 1945 година во Азија кога капитулараше царството Јапонија.
За причини на глобалниот судир се сметаат територијалните амбиции на нацистичка Германија, фашистичка Италија и империјалистичка Јапонија, на која се спротивстави силна Алијанса предводена од Велика Британија, СССР и САД.
Војната се водеше на копно, воздухот и вода на огромни пространства – од Западна Европа до степите на Русија, од пустината на Северна Африка до џунглите на Југоисточна Азија, во водите на Атлантикот, Пацификот и Индискиот Океан…





