8-годишно момче е шеста жртва на убиецот со џип во парада во САД

Дарел Брукс (39) обвинет дека влетал со автомобил во посетителите на божиќната парада во Висконсин во неделата, ќе одговара за шест смртни случаи откако почина уште една жртва – дете.



Полицијата вели дека Брукс возел во „цик-цак“ за да удри што повеќе луѓе на парадата.

Џексон Спаркс, беше повреден заедно со неговиот 12-годишен брат Такер кога марширале со нивниот бејзбол тим.

Џексон бил подложен на операција на мозокот во неделата и дека му требало „чудо“ за да се опорави.

Неговиот брат, кој исто така се здоби со фрактура на черепот, членовите на семејството очекуваат да закрепне.

Во налудничавиот упад во парадата беа повредени 62 лица.