Опозицијата на Албанија денеска го одржува својот 6 протест  за еден само еден месец.



Демонстрантите се обидoa да го пробијат полицискиот кордон, a кога бea спречени, ја гаѓаа полицијата со шишиња и други предмети.

За прв пат лидерот на Демократската партија, Лулзим Баша, не е присутен на чело на овој протест на опозицијата, а поранешниот премиер Сали Бериша беше поздравен со овации.

Демонстрантите се собраа пред зградата на парламентот каде што се одржува неделна сесија со транспаренти на кои пишува „Криминален парламент – коруптирана влада”.

Тие повикуваат на оставка на премиерот Еди Рама и бараат нови избори.

Полицијата го блокираше просторот пред  Парламентот и улиците во центарот на градот.

И на претходните протести во текот на овој месец, полицијата употреби солзавец против народот, како одговор на обидите на неколку демонстранти да  го пробијат кордонот.

https://www.facebook.com/mahmutovic.miran/videos/10219011914795141/