770.000 евра, платиле општините за прскање против комарци годинава, посочуваат од Центарпт за граѓански комуникации. Тендери за справување со комарците имале 39 општини и еден плански регион со 9 општини. Највисок бил тендерот во Град Скопје.
Ова, како што посочуваат од Центарот за граѓански комуникации, повикувајќи се на анализата направена врз податоците на сите договори за јавна набавка за комарци, значи дека вкупно 48 општини годинава презеле мерки за уништување на комарците.
Од вкупно 13 договори за јавна набавка за авионско прскање, 11 тендери добила кумановската фирма „Бониер“, додека останатите два, меѓу нив и највредниот, скопскиот, ги добил Аероклубот Скопје.
Кај договорите за уништување на комарците од земја, предничи кавадаречката фирма „Лиса-Ком МС“, со склучени 9 договори. Следен е Центарот за јавно здравје Скопје со 7 договори.
– Цените што ги плаќаат општините за оваа услуга се многу различни и зависат од тоа дали прскањето е авионско или до земја, од опфатената површина, но и од бројот на третмани бидејќи многу општини предвидуваат по неколку третирања во текот на годината. Сето ова ја отежнува и споредбата на цените. Како и да е, најевтино за еден хектар прскање плаќа Град Скопје, само по 11 денари за хектар прскање од земја – велат од Центарот за граѓански комуникации.
Авионските прскања чинат од 216 денари за хектар, колку што плаќа Град Скопје, до 2.230 денари за хектар, колку што платила општината Карбинци.
Извор : https://plusinfo.mk/makedoni-a-potroshila-770-000-evra-za-prska-e-protiv-komarci-kako-li-e-prezhiveat/
0





