Германската агенција за кривични дела предупреди дека дури 760 граѓани се исламисти, кои претставуваат закана за земјата, пренесе ДПА.
Околу 380 од нив во моментот се во Германија, речиси исто толку се наоѓаат привремено во странство, а 153 лица се во германски затвори, каде што одлежуваат различни казни за тероризам.
Властите имаат податоци и за 980 германски државјани кои заминале во Ирак и во Сирија од 2012 година за да се борат на страна на екстремистичките групи.
Околу две третини од нив се германски државјани со странско потекло.
Според најновите податоци, повеќе од 120 лица загинале на боиштата на Блискиот Исток, а околу 300 се вратиле во Германија.




