Бугарскиот полковник Константин Каварналиев кој загинал во Втората Балканска војна ќе добие споменик во близина на Дојран.



„Сакам да ги информирам граѓаните на Бугарија дека споменикот на полковникот Каварналиев е готов, направен, само чекаме да се транспортира од Софија, за да можеме јас и премиерот Борисов да го пуштиме.

Споменикот е убав, бајка, тој е дел од нашата заедничка балканска историја за која мораме да водиме грижа“, изјави пред две дена во Софија премиерот Зоран Заев.

Споменикот ќе биде поставен во близна на местото каде што загинал борејќи се против грчката армија.

На таа локација во 1916 година бил направен споменик од тогашната Царска Бугарија, но бил урнат во 1966 во времето на Југославија.

Бугарски претставници во неколку наврати безуспешно се обидувале да постават ново обележје, но биле одбивани од македонска страна.