Грчката партија „Потами“ (Река) од основањето во 2014 година, се залага за сложено име со географска дефиниција за Македонија и за сите употреби и затоа оваа партија дава поддршка на Договорот од Преспа, стои во партиското соопштение.
Опозициската партија која има шест места во грчкиот парламент ќе гласа за преспанскиот бидејќи “одржувањето на проблемот со децении е штетно за Грција, што беше потврдено со признавањето на соседната земја ‘Македонија’ од повеќе од 140 земји„.
Во соопштението се вели дека тоа е особено важно „во сегашниот контекст… и за стабилноста на Балканот“ и дека партијата е позитивна за „влезот на Македонија во НАТО. Затоа мораме веднаш да ги затвориме фронтовите на нашите северни граници и со поддршка на нашите сојузници за да се справиме со опасностите од исток“.
Гласовите на „Потами се особено значајни премиерот Ципрас да го протурка Договорот од Преспа во грчкиот парламент, особено по секојдневните најави на помалиот коалиционен партнер „Независни Грци“ на Панос Каменос дека ќе го напуштат парламентот ако преспанскиот дојде за ратификација во парламентот.
Од „Потами“ велат дека поддршката за преспоанскиот не знчи и поддршка за владата доколку дојде до гласање недоверба.





