Со забава во Скопје каде свој настап имаше Северина беше одбележан стартот на прославата за 70 години од постоењето на Пелистерка. Северина беше и остана заштитно лице на брендот изминатите години при експанзијата на овој македонски бренд регионално.
![]()
„Решивме оваа година да направиме заедничка прослава со сите граѓани. Овој македонски бренд покажа сила да издржи на притисоците на пазарот, да се прошири регионално и да ја задржи македонска вредност и автентичност. Денешното обележување на 70 години говори за најголем степен на доверба од потрошувачите и покрај сите предизвици со кои се соочивме како компанија и покрај силната конкуренција. Сепак, со постојано вложување во модернизација, развој и стандардизација на квалитетот, успеавме да ја зголемиме конкурентната вредност на брендот но и на компанијата и да правиме стратегии за понатамошно проширување“, истакна Цветан Панделески, сопственик на Пелистерка АД.
![]()
![]()
Пелистерка е позната по тоа што е единствената природно минерализирана изворска вода што има лековити елементи. Во изминативе 70 години ја следи континуиран развој и раст, што денес се рефлектира во палета од 12 категории пијалаци под брендот Пелистерка од сегментот води и сокови. Компанијата е еден од најголемите поддржувачи на спортски активности и промотор на спортската култура во земјава, посебно кај младите генерации.





