Претседателот Стево Пендаровски објави на Твитер дека во својата резиденција примил ученици од Липково, пишувајќи го името на нивното училиште со македонска кирилица, но во оригинал на албански, иако така како што е напишано „7 Марси“ кога се чита на македонски нема никакво значење.
На мајчиниот јазик на Пендаровски името на училиштето би било „7 Март“, кој македонските граѓани од албанска националност го прославуваат како Ден на албанскиот учител. На тој датум во 1887 година во Корча, Албанија, било отворено првото училиште на албански јазик на Балканот.





