Шефот на регионалната дирекција на МВР во Пловдив, Георги Чергов, си заминува од функцијата поради трагедијата во која 7-годишно момче го застрела својот татко, полицаец -специјале, во зградата на Специјализираните полициски сили.
7-годишното момче ненамерно го застрелало својот татко, а инцидентот се случил во понеделникот околу 16 часот и 30 минути во експозитура на МВР во Пловдив.
Таткото бил специјалец, а трагедијата се случила со неговото службено оружје.
МВР речиси веднаш го потврди тоа што се случило и соопшти дека министерот за внатрешни работи Калин Стојанов побарал оставка од регионалниот директор на МВР-Пловдив Георги Чергов.
Чергов најави дека нема докази за негова лична одговорност за тоа што се случило, но се чувствува морално обврзан да си замине и ќе поднесе барање за прераспоредување на друга позиција.






