Вкупно 67,5 години затвор за обид за државен удар
Лидерите на опозицискиот Демократски фронт, двајца руски и девет српски државјани, беа прогласени за виновни за обид за државен удар.
Лидерите на опозицискиот Демократски фронт, двајца руски и девет српски државјани, беа прогласени за виновни за обид за државен удар.

Специјалниот совет на Високиот суд во Подгорица ги прогласи за виновни сите обвинети за обид за државен удар на денот на парламентарните избори во Црна Гора на 16 октомври 2016 година.


Ноќта пред парламентарните избори во Црна Гора во 2016 година, 20 српски државјани беа уапсени во Подгорица под сомневање за планирање на вооружен напад на црногорскиот парламент и апсење и ликвидација на тогашниот премиер Мило Ѓукановиќ.

Во април 2017 година беше подигнато обвинение против 14 лица, државјани на Русија, Србија и Црна Гора, а судењето започна во септември.