Синдикалната иницијатива „67“ е премногу” на полноќ почна со собирање потписи за одржување референдум за за да се спречи подигањето на границата за одење во пензија на 67 години.
Во текот на следните две недели ќе бидат отворени околу 300 „штандови“ каде граѓаните ќе можат да го дадат својот потпис за референдум.
За да се организира референдум, потребно е да се соберат околу 385.000 потписи.
Три синдикални организации стојат зад иницијативата со која се бара заминувањето во пензија да се врати на 65 години, а право за предвремена пензија да се остварува со наполнети 60 години.




