Села до Заев и Ахмети: Не сметајте и на нас во Собранието за договорот

Зијадин Села за емисијата 360 Степени на Алсат М во врска со гласањето на договорот од Преспа изјави дека Заев и Ахмети не треба да прават сметка без крчмар во Собранието:



“Владата и владините претставници претеруваат со тоа што бројат 71 пратеник. Нека внимаваат затоа што ние имаме наши барања”, вели Села во емисијата.

Предходно висок претставник на Алијансата на Албанците во емисијата Отворено со Горан Момироски на Алфа најави дека Алијансата ќе бара уставни измени во кои ќе може да бидат вградени не само одредбите од Преспанскиот договор туку и барањата на Албанците и партијата на Зијадин Села.