Битанскиот весник „Гардијан“ во рубриката „став“ објави карикатура на британскиот сликар, сатиричар и карикатурист со полско порекло, Андрзеј Краузе (линк), која фантастично го отсликува резултатот од референдумот за договорот од Преспа.
Секако, весникот не одолеал, а да не го стави личниот став на сатиричариот и карикатурист во контекст, па веднаш го „линкува“ со текстот во кој се објаснува како Русија го менаџирала отпорот кон овој договор и опцијата „Бојкотирам“ на референдумот.





