600 илјади Македонци заробени од 54 творци на хаосот, Силјановска реагира за гласањето на СДСМ и ДУИ

Професорката Гордана Силјановска Давкова не може да прифати дека 600 илјади македонски граѓани останаа заробени во Македонија и светото од 54 пратеници на СДСМ и ДУИ кои гласаа протега во законот за продолжување на важноста на пасошите без северна.



,,600 000 луѓе се заробени заради неодговорното однесување на владејачката коалиција!

Не ми се верува дека 54 пратеници, творци на хаосот, луѓе кои ги кршат човековите права, меѓу кои и правото на движење си дозволија да гласаат против загарантирано уставно право”, изјави професорката во Охрид каде што имаше средба со граѓани.

Силјановска коментира и за однесувањето на претседателот Пендаровски кој не го користеше своето уставно право и своето прво право на вето го искористи на крајот на својот мандат.

,,Претседателот на државата не знае што е правото на вето. Тоа не значи дека тој се прави силен, туку значи дека е под Уставот, ги почитува законите и може да примени кочница на законодавната власт кога се работи за лоши закони”, порачала Силјановска во Охрид.