„60 минути“: Грција бара два амандмана во Уставот

Професорот Тони Дескоски во емисијата „60 минути“ на Алфа ТВ открива дека Грција очекува Македонија да усвои два амандмана во својот устав, со кои што треба да се затвори спорот за името.



Според професорот, кој беше дел од македонската екипа во судскиот процес против Грција во Хаг, Македонија треба да усвои промени кои за Грција ќе гарантираат дека некоја идна влада нема да го промени државниот став.

Дескоски вели дека Македонија ќе треба да усвои амандман со кој ќе прифати ново име во меѓународна употреба и еден уставен амандман за употреба на новото име за внатрешна употреба, без притоа да се менуваат сите за Грција спорни членови.

Целата емисија, во која говори и професорот Далибор Јовановски, може да се види на следниов линк