Шест лица се повредени, од кои едно потешко, откако вооружен маж отвори оган на улица во Париз.
Наводниот вооружен напаѓач, 60-годишен маж, е уапсен, јави Телеграф.
Париската полиција соопшти дека го испитува инцидентот на улицата Енгиен и ја повика јавноста да се држи настрана од областа.
Еден сведок рече дека биле испукани седум или осум истрели, предизвикувајќи хаос на улицата.







