Скопјанец со иницијали М.Г. и на 57.годишна возраст е македонскиот планинар кој загинал на планината Олимп, , информираа од Министерството за надворешни работи.
М.Г. како што се дознава, на стотина метри пред планинарскиот дом „Спилиос Агапитос“ изгубил рамнотежа и паднал во бездна.
Утре во Солун треба да биде извршена обдукција по што ќе се знае повеќе за причината на губењето на рамнотежата.
Претпоставките одат во насока дека добил срцев удар.




