Движењето за македонска преродба преку социјалните мрежи најави дека денеска точно на пладне пред Собранието ќе го блокира сообраќајот.
Во знак на протест за договорот со Грција движењето ќе ги запре сите возила кои сообраќајат пред законодавниот дом.
Пред една недела ова малку познато граѓанско движење упати јавна одлука во врска со последните настани во контекст на името.
Организацијата која во 12 часот ќе го блокира центарот на Скопје формално се нарекува Движење на македонски носители и бранители на македонскиот суверенитет.
Целиот проглас од 6 јуни:
Врз основа на членовите 1, 2, 8, 28 од Уставот на РМ, на ден 06.06.2018 г.
Ние, македонските носители и бранители на државниот суверенитет,
ЈА ДОНЕСУВАМЕ ОВАА
ОДЛУКА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД
1. МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ЈА ПРОГЛАСУВА ОВАА НЕЛЕГИТИМНА ВЛАСТ ЗА ВЕЛЕПРЕДАВНИЧКА/ ВЕЛЕПРЕДАВНИЦИ!
2. ВЛАДАТА ПРЕД ДА ДОНЕСЕ РЕШЕНИЕ ЗА ИМЕТО, ДА СИ ДАДЕ ОСТАВКА!
3. НИКОЈ ДА НЕ ПРЕГОВАРА ЗА ИМЕТО ПОВЕЌЕ!
4. НИКОЈ ДА НЕ ГО СТАВА ИМЕТО НА РЕФЕРЕНДУМ!
5. Да се стопираат НЕЛЕГИТИМНАТА АНТИМАКЕДОНСКА ВЛАСТ, ВЛАДА И СОБРАНИЕ!
ДА НЕ ДОНЕСУВААТ ОДЛУКИ од национално и државно значење, кои се против националните и државните интереси и за сите важни прашања.
6. Ова што нам, на СУВЕРЕНИТЕ, ни се прави однадвор, преку партиите, преку платениците и преку власта, кон сето тоа и кон НИВ изразуваме НЕПОКОР, ОТПОР И ГРАЃАНСКА НЕПОСЛУШНОСТ и ГО ОТФРЛАМЕ ТОЈ НАМЕТНАТ НАЧИН НА ЖИВЕЕЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА и ќе го регистрираме поведеното ДВИЖЕЊЕ МАКЕДОНСКА ПРЕРОДБА, кое е подвижувано континуирано веќе една година, пред Собранието на РМ.
7. ОДЛУКАТА ќе биде испратена до Претседателот на Република Македонија, до НЕЛЕГИТИМНИТЕ Претседател на Влада, Претседател на Собрание (при што се повикуваме на дадените Изјави до Собранието на РМ), а исто така и до сите меѓународни инстанци, вклучително и до грчката влада и до ООН, САД, Русија, Кина итн.
Одлуката на Македонскиот народ и Изјавата за основање на Движењето МАКЕДОНСКА ПРЕРОДБА, македонските суверени граѓани ќе можат да ги потпишуваат на пунктот во Кампусот на бранителите, во паркот Жена борец, пред Собранието на РМ, како и во другите градови и места во Република Македонија.





