Директорката на УЈП, Сања Лукаревска, во синоќешното гостување на Алсат, рече дека околу 500 фирми, најчесто со вработени до 5 лица, ја злоупотребиле државната помош.
Tie ги чувале парите за себе и не им дале ништо на своите вработени.
За вакви случаи предвидена е казна од илјада до 10.000 евра.
„Можам да кажам дека со состојбата од пред два дена имаме околу 500 компании кои злоупотребиле. До крајот на јануари имаме дополнително време да видиме дали ќе се изврши плаќањето за потоа да се извести јавноста. Оние компании кои злоупотребиле за месеците април, мај и јуни, не можат повторно да аплицираат за оваа државна помош затоа што системот автоматски ги одбива“, рече Лукаревска.






