Алармантно: 500 првачиња помалку за разлика од лани

Во новата учебна година се запишале 500 првачиња помалку од лани во мај. Ова го соопшти министерката за образование Весна Јаневска. Имаме 500 првачиња помалку запишани за разлика од мај минатата година, рече Јаневска. Тоа е резултат на иселувањето од државата и тој тренд очигледно продолжува.



Во мај во основните училишта се запишале 17.200 првачиња, или за 500 помалку од лани, рече министерката за образование и наука Весна Јаневска.

  • Податоците се поразителни. Државата не може да има иднина ако овој тренд продолжи. Ќе се потрудиме да ги промениме состојбите, да ги задржиме нашите граѓани да останат тука и да бидат задоволни од условите за образование, за работа и живеење“, рече министерката по посетата на Основното училиште „Наум Охридски“ во с. Булачани.

Јаневска најави дека Министерството за образование и наука во следните три години ќе изгради нови 28 училишни спортски сали во Македонија. Се планира активностите да започнат во 2025 и да завршат до крај на 2027 за што, според пресметките, ќе биде потребен буџет од околу 560 милиони денари (околу 9 милиони евра).

  • Кога се работи за најмладите, ставот на Владата е јасен, поддршката е безрезервна и се водиме по нивните најдобри интереси. Затоа што само така можеме да им создаваме подобри услови за образование и живеење во Македонија, посилно чувство на припадност во општеството и мотив да останат и понатаму да помогнат во развојот на државата“, рече Јаневска, додавајќи дека мора да се работи на сите полиња, за да се стопира процесот на иселување на младите.

Учебната година ќе почне на 2 септември, и ќе трае до 10 јуни 2025. Јаневска вчера најави дека се укинува пролетниот распуст, по согледувањето на резултатите од прашалникиот испратен до наставниците, родителите и учениците.