50 недели затвор за Џулијан Асанж

Британскиот суд го осуди основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, на 50 недели затвор за непочитувањето на условите за кауција.



Тој исто така, се соочува со сослушување во врска со екстрадицијата во САД, каде што се бара за „заговор за извршување компјутерски упади“.

Минатиот месец Асанж  беше формално обвинет за непочитување на кауција во Велика Британија во 2012 година, кога беше обвинет за силување во Шведска (случајот подоцна беше повлечен ).

Асанж беше уапсен на 11 април, кога беше протеран од амбасадата на Еквадор во Лондон каде помина речиси 6 години поради страв дека британските власти ќе го предадат на Вашингтон.