50 лица не почитувале полициски час, 678 не носеле маска

Полицискиот час во периодот од 20 до 05 часот синоќа го прекршиле 50 граѓани, информира министерството за внатрешни работи.



Во текот на изминатото деноноќие на територијата на целата држава за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани биле 678 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел спречување на ширењето на Ковид-19.