Регистрирани 50 нови случаи на голема кашлица во периодот од 1-7 март. Според последниот извештај на Институтот за јавно здравје, најголем дел од случаите се пријавени во Скопје – 43, во Тетово – три, по еден во Кочани, Кавадарци, Куманово и во Битола. Од новите случаи, пет се хоспитализирани. Станува збор за четири бебиња на возраст под една година и едно дете од возрасната група од една до четири години.
Заклучно со 7 март,регистрирани се вкупно 173 случаи на голема кашлица. Од нив, 102 случаи не биле вакцинирани, не се комплетно вакцинирани согласно возраста или нема доказ за вакцинација, се наведува во извештајот.
Возраста на заболените се движи до 40 години, а најголем број случаи се деца од 10 до 14 години.
Од заболените, 33 лица се хоспитализирани, а 28 од нив на возраст до 4 години.






