Протестен марш за решавање на проблемот со бездомните животни во Скопје, е закажан за денеска точно на пладне, на кој граѓаните ќе испратат порака за трајно и хумано решавање на проблемот со бездомните животни, а не за радикални мерки како што е евтаназија.
„Не бараме милост за животните, туку нудиме решение преку примена на одговорни, хумани програми и практики кои ќе го третираат причинителот на проблемот, а тоа е неодговорното чување на милениците, казни за нивно напуштање и неконтролиран расплод“, се наведува во најавата за маршот.





