Од синоќа 20 часот до 05.00 часот утрово констатирано е дека 49 лица не ја почитувале забраната за движење.
Во изминатите 24 часа регистрирани се 512 прекршоци на мерката за носење лична заштита на лице.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.







