И Командант Хоџа стана дел од владата

Поранешниот член на ОНА а потоа пратеник Џезаир Шаќири, познат како командант Хоџа, добил висока во Владата.



Ова го објавува на социјалната мрежа „Фејсбук“ активистот и функционер на СДСМ, Џеват Исени, пренесуваат медиумите на албански јазик.

Владата досега не потврдува официјално ниту не објави која функција ќе ја извршува Шаќири, но на својот „Фејсбук“ профил, Исени пишува дека премиерот Заев го одржал ветувањето.

“Само што видов дека некои портали пишуваат вест дека јас сум добил функција во Владата на Заев. Ќе се обидам да ја објаснам ситуацијата. Откако победи Заев, направивме политички договор да го ослободам Танушевци, а тој да ми даде некоја функција до него како гаранција за мојата безбедност, вели командант Хоџа.

Хоџа не објаснува од кого го ослободил Танушевци.

Шаќири кој со своите луѓе има контрола на граничната зона околу селото Танушевци и регионот околу стратешкото место Кодра Фура предходно беше баран со потерница за насилен криминал.