На денешен ден во 1980 година почина доживотниот претседател на СФРЈ – Јосип Броз Тито (1892-1980).
Почина, по неколкумесечно боледување во Клиничкиот центар во Љубљана.
Погребан е на Дедиње во Белград во Куќата на цвеќето а на погребот присуствуваа повеќе од 200 државници и истакнати личности од целиот свет.
Куќата на цвеќето досега ја посетиле повеќе од 20 милиони луѓе.
Тито беше водач во борбата против окупаторот од 1941 до 1945 година. Беше долгогодишен лидер на Комунистичката партија на Југославија и командант на нејзините оружени сили од крајот на Втората светска војна до смртта во 1980 година.
Беше еден од основачите на Движењето на неврзаните, во кое беа обединети земји од неколку континенти кои не припаѓаа на ниеден од двата доминантни блока во тоа време, западен и источен блок – НАТО и Варшавскиот договор.





