Незадоволството од животот во Македонија во моментов го отсликува истражувањето на „Балкан барометар“, според кое 41 процент од македонските граѓани активно работат на селидба во странство.
Од земјите од Западен Балкан лидер во овој поглед е Албанија со 49 отсто граѓани што прават сè за да ја напуштат државата.
Следува Црна Гора со 47 проценти, па Босна и Херцеговина со 44 отсто, Косово со 43 отсто, а зад Македонија е Србија со 37 отсто.




