Не бил само софтверот за МВР, Рашковски платил најмалку 400 илјади евра за три години

Речиси 400 илјади евра исплатиле македонските институции за сервисирање и набавка на софтвер на фирмата „Инвока Гроуп“ во изминативе три години. Информатичка фирма која работи на одржување на софтвери за потребите на македонската Влада без веб страница и контакт информации.



И покрај ова, софтверска компанија работи на одржување на компјутерски програми на уште десетици други државни институции објавува slobodnaevropa.mk.

„ Станува збор за Друштвото за инженеринг, информатика и дигитален дизајн „Инвока груп“ од која Генералниот секретаријат на Владата купил софтвер за определување на брзина на возила во сообраќај и изрекување казни.

Радио Слободна Европа се обиде да стапи во контакт со управителот на компанијата, да побара веб сајт со портфолио на „Инвока гроуп“, но безуспешно.
До објавувањето на овој текст не добивме одговори на електронски испратените прашања на маилот оставен за контакт во Централниот регистар.

Во изминативе три години, колку што постои компанијата, од македонските институции наплатиле 62 илјади евра за одржување на софтвери, покажува владината дата база „Отворени финансии“.

Во неа може да се забележи дека под контото „поправка и одржување на софтверска и хардверска опрема“ од сметките на институциите биле исплаќани фактури со вредност од 4 евра па се до илјада или две илјади евра.

Од сметката на Генералниот секретаријат на Владата со потпис на поранешниот генерален секретар, а сега советник во кабинетот на премиерот, Драги Рашковски, биле исплатени фактури за 323 илјади евра за набавка на два софтвери, покажуваат податоците од Бирото за јавни набавки“ – пишува slobodnaevropa.mk.

Повеќе информации на:

https://www.slobodnaevropa.mk/a/%D0%B8%D0%BD%D1%84%D0%BE%D1%80%D0%BC%D0%B0%D1%82%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B0-%D1%84%D0%B8%D1%80%D0%BC%D0%B0-%D0%BE%D0%B4%D1%80%D0%B6%D1%83%D0%B2%D0%B0-%D1%81%D0%BE%D1%84%D1%82%D0%B2%D0%B5%D1%80%D0%B8-%D0%BD%D0%B0-%D0%B2%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%B8-%D0%B8%D0%BD%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%82%D1%83%D1%86%D0%B8%D0%B8/31142128.html