Испитувањата на состојбата на мостот предвиден за минување на пешаци преку „Партизанска“ треба да почнат деновиве“, информираат од општина Карпош.
„Инженерските анализи предвидуваат статитички пресметки и симулација на напрегања, визуелна, мерна и недеструктивна метода на испитување, утврдување на модел на напрегања и деформации, а фирмата исто така треба да изработи план за евентуална санација на челичниот мост „Влајко“, согласно дадените карактеристики од техничката спецификација.
Пред повеќе од еден месец е објавен јавен оглас за ангажирање на компанија која ќе изврши инженерски анализи, соопшти општина Карпош на фејсбук.
Во почетокот Влајко бил уреден и достапен за минувачите, но во последните години пристапот е отежнат и тоа најмноу поради ескалаторите кои не се во функција, па оттука постарите лица, родителите со бебешки колички, како и лицата со хендикеп не можат да го користат. Во вечераните часови пак, се ставаат и катанците на вратите, објави неодамна Канал5.






