Украинска „Комсомолскаја правда“ во напис „Зошто Македонија одлучи да го смени името на земјата“ пишува дека причината е незадоволството на Грција која има регион со исто име и дека „Словените немаат право да бидат наречени Македонци…“



Во конткст на ова се спомнува дека, во минатиот, 20 век, повеќе од 40 земји ги сменија имињата, а ова се должелона променливата геополитичка ситуација во светот и обновата на историските имиња.

Во 1932 година Месопотамија стана Ирак и Персија во 1935 година ссе преименува во Иран. Ереј во 1937 година стана Ирска.

Во 1946, Трансјорданија стана Јордан.

Обединетите Арапски Емирати до 1971 година беа „Договорот од Оман“, а Саудиска Арабија до 1932 наречен Hijaz, Najd со здруженитте територии.

Зелено’ртски Острови од 1986 се Капо Верде , Голд Коуст во Африка во 1957 година стана држава Гана. Демократска Република Конго до 1997 година беше Заир. Северна и Јужна Родезија во 1980-тите и 1990-тите години станаа Замбија и Зимбабве.

Абисинија во 1974 година стана Етиопија, а островот Цејлон во 1972 година стана Шри Ланка. Либија до 1951 година беше наречена Триполитанија, а Киренаица, Фезан и Бурма во 1989 година стана Мјанмар.

Во 1993 година, државата Чехословачка мирно се подели на две земји – Чешка и Словачка

Весникот, сепак, коректно пренесува дека првично, Македонија се однесувала на огромен регион. „Но, по балканските војни од почетокот на дваесеттиот век, Грција, Бугарија и Србија го поделија меѓусебно. Грција ја доби јужната, т.н. Егејска Македонија, Бугарија – Пирин Македонија и Србија – македонската провинција Вардар.

Конфликтот околу името започна по референдумот за независност на Македонија во 1991 година…во 1994-1995 година Грција дури воведе трговско ембарго против оваа земја …во 2008 година, на самитот на НАТО во Букурешт, беше спречена поканата на Македонија кон НАТО, заради   нерешеното прашање со името на државата.

Украинското издание, пишува постојат неколку опции за преименување на Република Македонија.

Сега со компромисното име се нуди географски или друга одреднивца, на пример – Горна или Северна Македонија, за да се разликува оваа земја од историската Македонија. Исто така се сметало и на името „Република Македонија Вардар“, според името на најголемата река во земјата.