Третото коло веќе може да даде или барем да најави дел од осминафиналистите. Ова важи пред се за Манчестер Сити, Бешикташ, Реал и Тотенхем кои зад себе имаат по две победи и шест бодови.  Затоа на осум стадиони на кои се игра од 20.45 ќе биде жестоко, настрана што има и неколку големи соочувања.



Во групата Е и двојките се: Спартак Москва-Севиља и Марибор-Ливерпул. Во Ф, не очекува судар на водечките од Премиер лигата и од Калчото: Манчестер Сити со Наполи и уште, холандско-украинска пресметка на Феенорд и Шахтјор. Во составот Г, Монако дома ќе се обиде да ја спаси сезоната против Бешикташ, а помалку, повеќе тоа се однесува и на Лајпциг кој го дочекува Порто. И во конкуренцијата Х, европскиот првак Рела Мадрид го пречекува разгоропадениот Тотенхем, а Борусија Дортмунд со императив од победа и бодови е на Кипар кај АПОЕЛ.