„Ова е таканаречен план за влез на пазарот преку „greenfield“ пристап. Тоа значи дека суштински ќе влеземе самостојно. Се разбира, ќе треба да имаме многу локални партнери од европскиот простор за инфраструктурата, кулите и добавувачите на опрема од кои ќе ја купуваме опремата. Како и во Албанија и во Македонија, ограничени сме во изборот, бидејќи е многу важно да соработуваме со европски или некинески добавувачи. Во Албанија, на пример, работиме со шведскиот „Ericsson“. Во овој момент, можам да кажам дека инвестицијата ќе биде најмалку 100 милиони евра што ќе треба да ги вложиме во мрежата и во сè друго. Но, тоа е долгорочна инвестиција. Ова не е нешто за 2 години, 5 години или 10 години. Ова не е компанија што останува статична. Како што велиме, оваа индустрија е маратон. Затоа сме стратешки инвеститори. И откако ќе влеземе на пазарот и мрежата ќе биде подготвена, ќе треба да продолжиме да инвестираме секоја година, веројатно 15-20% од нашите приходи. Тоа е многу;вели Пал Заранди, директор за мобилни и 5Г на „4IG”.
Очекувањата за Македонија се позитивни пред се поради поволното политичко опкружување но и добрата инфраструктурна понуда за развојот на овој бизнис:
„Секогаш кога сакаме да влеземе на нов пазар во телекомуникацискиот бизнис, многу е важно регулаторната средина и владата да нè прифатат позитивно. Сметаме дека сме добредојдени во Македонија. Тоа беше првиот чекор. Потоа, вториот важен чекор беше да ја анализираме ситуацијата на пазарот. Забележавме дека има многу добра понуда на опсег на фреквенции што може да го олесни нашето управување. Опсегот на фреквенции е многу важен – тоа е како кислородот за телекомуникациите. Тој е суштински. Без него, не можете вистински да станете значаен играч на пазарот. Ако го имате, добивате многу можности да го правите она што сакате. Тоа беше знак дека овој пазар е навистина интересен“ рече Пал Заранди, директор за мобилни и 5Г на „4IG“.
https://alfa.mk/4ig-ke-apliczira-za-frekvenczija-pochnuva-planot-za-investiczija-od-nad-100-milioni-evra/





