Денеска во 04:06 часот почнува пролетта која ќе трае 92 дена до 20 јуни кога ќе почне летото.
Истовреме на Јужната хемисфера на Земјата почнува есента.
На првиот ден од пролетта, Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 37 минути, а ќе зајде во 17 часот и 46 минути. Денов ќе трае 12 часа и 9 минути.
Синоптичарите за денеска најавуваат студено утро, а преку ден сончево со појава на мала облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната од 11 до 18 степени. МИА





